речник контакт

Кривична пријава заради пукање на свадба

Претходно и друго лице добило кривична пријава, оти пукало на истата свадба која се случила на 11 септември лани

Петар Печков

Велешката полиција со кривична пријава за жител на Долно Јаболчиште, кој пукал на свадба,  и предизвикал опасност по присутните. Повеќе детали од  информацијата на СВР Велес.

„Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против Б.Д.(24 год) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 11.09.2022 на свадбена веселба село Горно Јаболчиште, пријавениот од автоматска пушка испукал повеќе куршуми, за што била пуштена снимка на социјалната мрежа Фејсбук“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Претходно МВР информираше дека   на 23 декември 2022 година поднела кривична пријава против лицето И.А. (48 год) од Горно Јаболчиште за „предизвикување општа опасност“,  кој пукал на истата свадба  со Б.Д. на 11.09.2022.  Ден подоцна  по наредба на ОЈО Велес е извршен претрес во  домот на И.А.  од село Горно Јаболчиште, при што биле пронајдени и одземени 8 чаури од пушка, 10 чаури од гасен пиштол и 1 чаура од пиштол.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »