речник контакт

Кривични за матна зделка во ЈП Лисиче

Поранешниот директор на ЈП Лисиче и директорот на Ива инзинеринг полицијата ги сомичи за злоупотреба на службена должност и измама. Ова е петта кривична пријава за некогашни директори на ХС Лисиче.

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес  поднесе кривична пријава против лицето Р.Ц. (64) од Скопје-поранешен директор на јавно претпријатие Лисиче, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувања,, и против лицето О.Р. (51) од Велес - директор на друштво за градежништво проектирање и трговија Ива-инженеринг, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Измама,, .

Првопријавениот кривичното дело го сторил на начин што потпишал цесија и исплатил средства во висина од 1.982.440 денари, без истата да биде потпишана од друштво за градежништво Бетон, а второпријавениот кривичното дело го сторил на начин што со лажно прикажување на факти дека Бетон ќе ја потпише цесијата го навел првопријавениот да исплати на фирмата Ива-инженеринг средства во висина од 1.982.440 денари.

Во месец Јули 2007 година второпријавениот О.Р. како директор на ДГПТ Ива-инженеринг со фирмата ДГ Бетон АД Скопје потпишал договор за изведување на занаетчиски работи за објектот Х.М.С Брана Лисиче Велес на вкупна сума од 2.372.569 денари, по што почнал да ги извршува договорените работи.

По потпишување на договорот, второпријавениот О.Р. отишол кај првопријавениот Р.Ц. и му кажал дека е во финансиска криза и дека се договориле со директорот на Бетон со цесија авансно да му бидат исплатени средства. По изработувањето на договорот за цесија, првопријавениот го заверил договорот со потпис и печат и нечекајќи цесијата да биде потпишана и од  Бетон, дал налог на финансиската служба со што во октомври 2007 година на ДГПТ Ива-инженеринг им биле префрлени 1.982.440 денари.

По завршувањето на работите во 2008година, ДГ Бетон побарало од ЈП Лисиче исплата на целата сума затоа што цесијата не ја потпишал, што значи не се сложил на тој начин да ги затвори своите обврски со произведувачот Ива-инженеринг. ЈП Лисиче повторно исплатило вкупно 2.218.050 денари за завршената работа од страна на фирмата на второпријавениот, но сега средствата ги префрлиле на ДГ Бетон.

Во март 2008 година Ива-инженеринг ја завршила работата за која се ангажирани и до ДГ Бетон доставиле фактура одобрена на износ од 2.218.050 денари (иако во октомври 2007 година истата веќе била доставена на друга сума). Поради фактот што ДГ Бетон немале евиденција дека ЈП Лисиче веќе исплатило 1.982.440 денари по фиктивна времена ситуација на ДГПТ Ива-инженеринг. Второпријавениот со намера двапати да добие надомест за истата работа парите ги искористил за свои потреби без да го извести ДГ Бетон дека во октомври 2007 година му била исплатена сума од 1.982.440 денари.  

Пријавените и порано е пријавувани за кривични дела против службената должност и кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »