речник контакт

Кривични за четворица велешани кои пуштале во промет дрога

Кај А.Д.(35 год) А.М.(35 год), Д.Р.(30 год) и Б.З.(29 год) бил пронајден хероин

Петар Печков

МВР Информираше дека Секторот за внатрешни работи Велес поднел кривична пријава против четворица  велешани, за две кривични дела, поврзани со поседување хероин.

Против А.Д.(35) од Велес е поднесена  за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги”, против А.М.(35) од Велес за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги” и “овозможување на употреба на наркотични дроги”, и против Д.Р.(30) и Б.З.(29), двајцата од Велес за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги”.

Четирите лица   на 7 декември лани, година во Велес на улица “Стефан Богоев”, од страна на полициски службеници, при претрес кај пријавените биле пронајдени хероин, како и мешавина од кофеин, парацетамол и хероин, и кеса и фолија со остатоци од хероин. Полицијата не соопштува колкаво количество хероин е пронајдено кај овие лица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »