речник контакт

Кривични пријави за стечаен и нотар, за продажбата на Оранжерии Лозар

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата С.А. (59) од Велес - нотар во Велес и против А.П. (52) од Скопје - стечаен управник на АД „Лозар - оранжерии“ во стечај - Велес, поради основано сомнение дека сториле кривично дело ,,Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Петар Печков


 Двајцата пријавени според обвинението на ден 06.01.2006 година од страна на АД „Радо - Банк“ Скопје кај прво пријавената С.А.  е пристапено кон реализација на претходно воспоставена хипотека над АД „Лозар - оранжерии“ во стечај, по пат на јавно наддавање и како единствен заинтересиран купувач се појавил заложниот доверител АД „Радо - Банк“ во стечај, кој понудил сума од 50.000.000 денари.

Поради фактот што во побарувањето кое го имал заложниот доверител бил признаен износот од 25.000.000 денари, купувачот бил должен во рок од 10 дена од денот на составувањето на нотарскиот акт -записник за извршена продажба да ја уплати сумата од 25.000.000 денари на сметката на АД „Лозар - оранжерии“ во стечај.

С.А. иако знаела дека „Радо Банк“ во стечај не ја уплатил разликата од 25.000.000 денари, не пристапила кон поништување на договорот и постапила спротивно на член 65 од Законот за договорен залог и во составениот нотарски акт Записник за извршена продажба на недвижности со битни елементи на договор за продажба, констатирала дека предметот на продажба е ослободен од сите заложни побарувања, иако Управата за јавни приходи имала воспоставено залог врз предметот на договорот.

А.П. стечаен управник на АД „Лозар - оранжерии“ во стечај Велес, иако знаел дека на ден 06.01.2006 година е пристапено кон рeализација на хипотека над АД „Лозар - оранжерии“ во стечај, истиот не превземал законски мерки да се поништи купопродажниот договор затоа што разликата во цена не била уплатена на сметката на АД „Лозар - оранжерии“ во стечај, со што му овозможил на купувачот АД „Радо Банк“ во стечај од Скопје да се стекне со противправна имотна корист од 25.000.000 денари, со  кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »