речник контакт

Кривични пријави за четири лица кои преку ФБ статуси ширеле расистички коментари

Велешаните делата ги сториле во периодот од 12 до 17 јули годинава

Петар Печков


Велешката полиција поднесе четири кривични пријави за исто толку лица, кои преку ФБ пишувале  расистички коментари и повикувале за насилство кон други лица.

„СВР Велес поднесе кривични пријави против Е.А.(43) од Горно Оризари, велешко и против И.З.(39), Д.А.(29) и И.С.(48), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавените, на 12, 15 и 17.07.2022 на нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук напишале коментари и објави со кои ширеле невистини и повикувале на омраза и нетрпеливост и насилство кон други лица или групи“ - соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »