речник контакт

Кризниот штаб бара Армијата да се вклучи во помош во работата на Болницата

Војската би помагала при дистрибуцијата на кислородните боци и при влезот на пациентите во оваа здравствена институција

Петар Печков

Општинскиот кризен штаб побарал и Армијата да биде ангажирана за  справување со состојбата со ковид-19. Вчера врховниот командант, претседателот Стево Пендаровски, одобри ваква мерка, по што на денешната седница е побарано, војската да се вклучи во помошта во работата на велешката Болница.  

Официјално ќе се обратиме до Генералштабот и Министерството за одбрана, со барање дел од припадниците на АРМ од гарнизонот во Велес, да бидат ставени на располагање на Општата Болница во Велес. За две работи, но без да имаат контакти со заразените пациенти,  за регулирање на влезот и излезот на пациентите во Болницата и при дистрибуцијата, дотурот на кислородните боци. Кислородна поддршка сега е потребна на Инфективно и Интерно одделение и ако се отвори уште некој ковид центар и за таму  - кажа градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција а по претходно  одржаната седница на Кризниот штаб.  

Армијата се вклучи во помош на здравствените установи во справување со корона кризата.  Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, вчера, четврток  и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на здравствените институции при справување со последиците од пандемијата на ковид-19.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »