речник контакт

Кристијан Лазаров го освои 15 место на ЕП за јуниори во кајак спуст на диви води

Првенството се одржа во Даленвил Швајцарија

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец во кајак спуст на диви води  велешанецот Кристијан Лазаров го освои 15 место во финалето на Европското првенство за јуниори и до 23 години, кое викендов се одржа во Швајцарија во Даленвил.

Тој по двете квалификациони трки во спринг за јуниори  го зазеде 12 во првата  односно 9 место во втората трка и се пласира во финалето меѓу 15 најдобри.

Во оваа конкуренција учествуваше уште еден велешанец Благој Гугинов, кој во двете трки освои 25 и 24 место, кои не беа доволни за пласман во финалето.

Тие двајцата веслаа во категоријата јуниори. Во нивната класа имаше 50 учесника. Европски првак во кајак спуст на диви води  стана Чехот, Мика Хајнек.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »