речник контакт

Криумчар на мигратни при бегство, возејќи брзо, минал спротивно на еднонасочната улица и завршил во канал

Според сведоците од пик ап возилото излегле 22 мигранати, од Сирија. Двајца од нив се со полесни повреди, пренесени во болница

Петар Печков

Вечерва, недела,  околу 20,10 ч. автомобил кој превезувал мигратни заврши во ендек од улицата 8 септември, која се реконструира.  Според очевидците возило  пик ап, со скопски регистарски таблички бегало пред полициска потера на ФРОНТЕКС полицијата.  (видео)

„Од нов мост се забележа дека доаѓа возило кое без малку леташе, толку бргу возеше шоферот. И очигледно дека не знае дека оваа улица е еднонасочна започна да вози низ неа. Едното полициско возило со хрватски регистарски таблички беше по него а македонското возеше по улица Гоце Делчев за да го пресретне кај јаворот. Но попатно возилото заврши во каналот“ - вели очевидец на настанот.

Друг раскажува дека од возилото излегле ни повеќе ни помалку 22 лица, мигранти. На прашањето од каде се, еден од нив одговори  „од Сирија“.  Една група од мигрантите беше пренесена со полициско комбе а другата чекаше да биде префрлена до еден од транзитните центри за бегалци.

Од мигрантите две лица биле повредени и пренесени во велешка болница.

„Едното е дете на 11 годишна возраст, кое се жалеше на болки и уште еден возрасен пациент, кој имаше повредна рака. Префрлени се на хирургија“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

СВР Велес детали за инцидентот ќе објави утре, по завршување на увидот. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »