речник контакт

Кружен тек и парк во Офицерски за Денот на општината

Во пресрет на Денот на Општината 9-ти предадени во употреба два инфраструктури објекти.

Петар Печков

Во пресрет на Денот на Општината  9-ти   предадени во употреба два инфраструктури објекти.  На  влез во Велес, на  патот познат како Штипско џаде. беше пуштен новиот кружен тек, за регулирање на сообраќајот 

Тој е поставен  на позиција  од регионална сообраќајница која што е директна врска со северна и источна Македонија, на проширен  просторот и зголемена безбедност. Овој инфраструктурен проект чини околу 7 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Велес.

Во пресрет на Денот на Општината во Велес денес беше промовиран и уште еден нов проект наменет за граѓаните - парк кој функционално и естетски ќе ги задоволи потребите на велешани. Новиот зелен простор се наоѓа во дворното место на некогашниот Офицерски дом на место што  географски се наоѓа во средината на градот. Овој  парк зафаќа  површина од 2354 м².

Така велешани и неговите гости добија  уреден простор за одмор на граѓаните што заедно со театарската зграда, Младинскиот парк и Соборниот храм Св. Кирил и Методиј е една целина што го формира централното подрачје на Велес.

Покрај современата урбана опрема, фонтаната за вода за пиење, хортикултурното уредување, овој парк ќе биде место за презентирање на општината. По проект на Локалната библиотека и Народниот музеј таму  ќе се постави голем екран на кој ќе се инсталира видео презентација на општина.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »