речник контакт

Крштелницата во Стоби трет по ред проект завршен со грант од амбасадата на САД

Реставрацијата која е покриена со средства грант кој чинеше 89 илјади долари

Петар Печков

Денес со свеченост беше означено завршувате на реставрација на крштелница на Епископската базилика во  локалитетот Стоби. Беа присутни бројни гости, меѓу нив премиерот, американскиот амбасадор, министерот за култура.  

Благодарност до стручните екипи кои неуморно работеа со денови на тешки услови,за  зачувување на културното наследство. Горди сме што изминатите 19 години помагаме за се сочува  историското богатство на територијата на Македонија. Помогнавме за црквата Св. Перивлепта во Охрид, Св. Спас во Скопје, Кокино во Куманово. Оставиме за идните генерации дел од историјата, да дојдат да посетат, но и за туристите да можат да видат дел од националното богатство  - рече Џес Бејли амбасадорот на САД во Македонија.     

Ова е трет грант на Амбасадата на ССАД за локалитетот Стоби. Во истражување на Римскиот форум  (2001 година) вложени се 15 илјади долари а во гарантот за заштита на фреските на Епископската базилика (2010 година)  вложени се 72,6 илјади долари. Или досега во 14 гранта  Амбасадата на САД вложила во заштита на македонското културно наследство  1,3 милиони долари.

Универзалната димензија на секоја заедница е културата а културното наследство со својата разновидно е не само наше туку и заедничко богатство на човештвото. Тоа сведочи за едно време, за една богата историја на овие простори. Археолошкиот локалитет Стоби е еден од најзначајните споменици  од римската и доцна античката епоха, каде архитектонските остатоци, мозаици и другите градби даваат значајни информации за градителските и уметнички достигнувања во минатото - рече Асаф Адеми, министер за култура. 

Материјалните остатоци укажуваат дека на просторот на Стоби за прв пат  бил населен во периодот на енеолитот  околу три илјади години пред нашата ера. Документирани се пронајдоци и од доцното бронзено време, преодниот период и железното време, кои укажуваат дека просторот помеѓу две реки  била идеална позиција за  населба.  Најголемиот развој го има во  римските освојувања. Локацијата помеѓу два важни патишта овозможила брз демографски и    урбан развој.  Културниот пресек на локалитетот Стоби претставува силен доказ за големината на културата и културното наследство што го прави  еден од најважните локалитети во Македонија и пошироко на Балканот, не оставајќи го современиот човек рамнодушен - рече Спасе Перовски директор на НУ Стоби. 

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека археолошкиот локалитет Стоби, е сведоштво за еден жив град, за крстопат на кој се среќавале патници, трговци и граѓани на тогашните европски цивилизации, кој одушевувал со своето богатство преточено во прекрасните градби какви што биле амфитеатарот, епископските базилики, палатите на администраторите на римската империја, градскиот плоштад.

Епископската базилика заедно со крштелницата кои во стариот град Стоби го сочинуваат најзначајниот и највеличествениот ранохристијански комплекс во Република Македонија, од денеска ќе им бидат презентирани на светот и на стручната јавност во полн сјај после реставрацијата - рече премиерот Заев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »