речник контакт

Куварот на Грашо, готвеше за велешани

Дује Милиќ шеф на кујната во ресторан Адријатик, каде јадат Даниела, Северина, Розга донесе далматински специјалитети за велешани

Петар Печков

 Иако има само 29 години сплиќанецот Дује Милиќ е ѕвездата на тамошната кујна и тој го составува менито на сите познати далматински поп-ѕвезди.  Тој е мајсторот на кој му веруваат и  кај него се хранат Данијела, Северина, Оливер Драгојевиќ, Тончи Хуљиќ, Петар Грашо, Јелена Розга. Дује е главен шеф на кујната на ресторанот ,,Адријатик,, сопственост на Грашо. Како и секој далматинец шеговит, забавен, интересен и со две вечни љубови Сплит и Хајдук. 

Вешто ја криеше тајната како успева да ги нахрани неговите гости а тие да останат витки а најадени. Вели јадат, тоа што ќе им подготви, на прашањето кое им е омиленото јадење, одговара зависи каков ден тој  има. Без многу скромност, храбро тврди дека тој им наметнува што ќе јадат.

Сите овие гости сакаат лесна храна, пиле, риба. Немам трема кога ќе ги видам,  бидејќи јас со нив сум пријател, знам со нив да се напијам, заедно сме на забави во локалот. Кога почнав на 20 години мислев, леле што ќе биде сега со јадењето  за нив, што да им подготвам  а сега знам и да се скарам. Не сакаат зачинета храна. Кога јадат, јадат по дваестина работи наеднаш, но од сите по малку. Супа, салата, компир, карпача,  кратко кажано,сакаат шведски стол во Далмација. За нив кога доаѓаат,  ми треба по два часа да им подготвам јадење. Во зима знаат да се напијат и црно вино, тогаш тоа одговара со храната. Дали е лете или зимо јадат овошје или благи работи, торти десерти  – вели популарниот  Дујки.

Тој престојуваше во Велес  неколку дена, како гостин на вториот гастрономски  фестивал кој го организира Хотелот ,,Романтик,, на велешкото  езеро Младост.  Ресторанот,, Адријатик,,  се наоѓа во сплитската Марина и  тоа е престижно место за гостите во Сплит, туристите од цел свет.  Најголем мајстор е за далматинските специјалитети, кој ги подготви и за посетителите на далматинската вечер.

За храната која ја подготвив во Велес го поврзав целиот хрватски брег, Далмација, Истра, морето. Предјадење беше  октопод со свежи краставици, компир и саламура, прелиен со балсамико, мед, маслиново улје. Потоа  имаше чорба од целер со тартуфи, ретка и скапа печурка која се бара со кучиња трагачи. За главно јадење далматинска паштицада со њоки,  тоа  е јунешки бифтек кој  еден ден се чува во саламура се подготвува доста време, пет – шест  часа . Десерт беше чоколадна торта прелиена со сируп од малина и ванила – вели Милиќ.

Носејќи  ја целата оваа храна и сите потребни продукти,  едвај го пуштиле од Хрватска а на  царина апаратите постојано ѕвонеле. Не открива како ги пренел октоподот и тартуфите, но само слатко се насмеа.   Иако млад  успеал во кулинарството, објаснува  кога си млад кога во животот  и немаш ништо, мора да успееш, со голема желба, со големо знаење.  Тој е еден о новата генерација на неколку млади и добри кулинари кои изминатиот период се појавиле во  Сплит и  се многу барани и познати.

повреден готвеше за велешани

На Фестивалот Дује  дојде со зашиен прст. Пред заминување подготвувајќи храна се пресекол, па морал во Болница и така со рака во завој допатува во Велес, не сакајќи  да го пропушти фестивалот на храна на хотелот Романтик.  Тој воодушеви гостите, со односот, со знаењето, со пристапот, вистинска ѕвезда и шоумен.

Се храни со јадењата на мајка му, која не вкусила ништо од него

Дома никогаш ништо не подготвил, се е во рацете на татко му и мајка му. Тие пак   досега не пробале  од негова храна, која е престижна за многуте гости на ресторанот ,,Адријатик,, .  Објаснува по долгата работа тој е уморен и исцрпен,  со многу обврски, па нема време дома да готви.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »