речник контакт

Кукулев ја промовираше книгата,,Патувањето на Петар Келеман,, на српски во Белград

Книгата отвора нови хоризонти и конечно да се дознае вистината за атентантот во Марсеј 1934-тата - вели авторот. Македонското издание одамна распродадено

Петар Печков

Викендов, во саботата, во книжарницата ,,Макарт,, во Белград, беше промовиран романот на велешанецот Александар Кукулев Сашко . Книгата е во издание на издавачката куќа ,,Пресинг,, и може да се набави во книжарниците на ,,Делфи,, низ Србија.  Книгата ја промовираше српскиот дипломат Веселин Пјаниќ.

Книгата отвора нови хоризонти и конечно да се дознае вистината за атентантот во Марсеј 1934-тата. Имам свои две тези, дека Втората Светска војна не започна со нападот на Германија врз Полска во септември 1939-та, туку со овој атентат во Марсеј. Втората е дека овој трагичен настан може да го обедини Балканот, оти последиците и до ден денес сите ги чувствуваме, историчарите да се соберат и да се погледнат во очи и ги видат настаните кои го одбележаа тоа време   - вели авторот  Кукулев.  Најавува дека на есен книгата ќе биде промовирана на бугарски јазик во Софија а подоцна на хрватски во Загреб.  

Атентатот на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ   кој во македонската историја  е скоро целосно минимизиран,  па Кукулев истражувајќи низ познатите и непознатите историски моменти ја напиша оваа книга. Истата се чита во еден здив, чекајќи ја секоја следна реченица и секоја следна страница, за да се дознае нешто повеќе за атентатот во Марсеј. Сите илјада примероци на македонски се одамна продадени.  

Кукулев како новинар има создадено  повеќе радио драми ,,Сердарот,,  ,,Болен Дојчин,,  ,,Крвава Кошуља,, (која е издадена и на ЦД). Има и три  телевизиски документарци а со ,,Пушкин од нашиот сокак,, во кој Раца зборува за нејзиниот однос со  Кочо Рацин, ја доби  наградата ,,Златна корија,, на телевизискиот фестивал во Крушево. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »