речник контакт

Културата зближува

Портрет на Почесниот добитник на Рациновото признание гркот Костас Валетас

Петар Печков

        За афирмацијата на македонската литература и култура во Грција тамошниот преведувач, издавач, литерат Костас Валетас годинава го доби Почесното Рациново признание. Тој е пресреќен што ја добива оваа награда, на која се надевал. Смета дека токму културата е мостот што треба да ги спојува двата народи, македонскиот и грчкиот.

Се не обединува  културата,  литературата, музиката,  тоа е мост меѓу нашите два народи. Има толку убави работи  што не зближуваат. Овој престој во Велес за мене ќе биде  инспирација за нова соработка, за нови меѓусебни  содржини. Затоа ние, културните дејци со нашата взаемна културна соработка правиме напори повторно да ги обединиме народите на двете и но и  сите останати  балкански земји – вели Валетас.

Тој во неговото книжевно списание македонските автори започнал да ги промовира во Грција во далечната 1970-та година. Откако Валетас  видел  „Антологија на грчката поезија‘‘ преведена на македонски јазик  посакал и тој да издаде „Антологија на македонската поезија‘‘ на грчки јазик.  Воспоставил контакт со Паскал Гилевски , па заедно биле кај писателот Ацо Шопов, кој во таа далечната 1970 година бил претседател на културните врски со странство и му  ја предложиле идејата која била со задоволство прифатена. Така  Костас Валетас како издавач наскоро ја отпечатил првата „ Антологија на македонската поезија‘‘ на грчки или „Томавро ајвони‘‘ („Црниот славеј‘‘)  за која преводот на грчки го направи Паскал Гилевски. 

Во неа  е содржана поезијата на триесетина  познати поети, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Раде Силјан, Радован Павловски и други. И оттогаш до сега има издадено уште многу македонски автори кои преведени на грчки можат да се најдат во продажба низ грчките книжарници. Почесното Рациново признание  Валетас го први среќен иако ја очекувал.

Оваа награда не ме изненади, бидејќи јас со Македонците соработувам  одамна, многу време, имам многу пријатели.  За повеќе од 40 години, имам издадено дваесетина книги од вашите најзначајни автори и затоа  оваа награда  ја очекував. Јас сум восхитен што  манифестацијата има 49 годишен стаж и заедно со Струшките вечери на поезијата, покажуваат колку народот ја цени поезијата, литературата, авторите. Тоа ми дава за право да се чувствувам среќен, оти  признанието е израз на  почит кон мене – вели Валетас.

Посебно горд го прави тоа што наградата е посветена на Рацин за авторот за кого зборува со пиетет, го споредува со Христо Ботев и Костас Варналис. Вели дека имаат едно нешто заедничко, името Коста.

Рацин загинал за бесмртниот човечки идеал слободата, што го прави авангарден борец за големата хуманистичка идеа на социјалната правда, рамноправноста и братството.  Тој е сенароден протагонист, еден вистински бранител на сите страдалници на светот. Како него многумина големи поети паднале млади како Бајрон, Китс, Пушкин, Лермонтов, Петефи. Рацин со своето дело достојно  го извршил својот долг кон човечкиот род и кон историјата. Неговите одлични студии за богомилите покажуваат дека тоа дете на сиромаштијата  и работничката клас, во себе носел една голема дарба, чудесен талент што го прави човекот благородно суштество – рече Валетас.

Досега ова признание  го добиле Хрватите  Алдо Климан, Горан Калоѓера, Златко Крамариќ актуелен амбасадор на Хрватска во Македонија,  Чехот Иван Доровски, Србинот Мирољуб Стојановиќ, Бугарите Петар Крангов и Стефан Влахов, црногорецот Стеван Перовиќ, Романецот Јон Илиеску, Црногорецот   Сретен Перовиќ  и  Французинката Жана Ангеловска пензиониран професор по француски јазик од Филолошкиот факултет во Скопје.
    

Кој е Костас Валетас   Роден е 1939-та  во Атина, син е на познатиот грчки литерат Јоргос Валетас, завршил право на атинскиот факултет,  а докторска дисертација одбранил на Сорбона, бил и директор на Радио Атина. Тој во неговото списание објавува вести за настани од македонска литература, ново издадени книги и песни, за Рациновите средби и за Струшките вечери на поезијата. Автор е на романот Печалбари и драмата Бегство. Објавил повеќе  антологии на македонски поезија, македонски народни приказни и раскази, збирки од Блаже Конески, Матеја Матевски,  Паскал Гилевски, Раде Силјан. За македонските автори тој во Грција отстапува простор од 1970-тата година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »