речник контакт

Кунг фу вештината на Кинезите (фото)

Драгон Кинг фу танцовата компанија изведе претстава која ги освои гледачите во театарот во Велес

Петар Печков

Со бурни овации, аплаузи, беа испратени кинеските артисти од Драгон Кинг фу танцовата компанија, која изведе  претстава што го освои гледачите во театарот во Велес.  Традиционалната кинеска култура и современата уметност беа споени во едно енергично издание, полно со движења, танц.

Преовладуваше кинеската боречка вештина, претставена од 11 момчиња, кои во 90 минутното шоу со видео паузи од нивната едукација и тренинг, ја доловија на македонската публика кинеската традиција. Присутните на ги штедеа дланките,  аплаузите се слушаа и на среде сцена, која не ги оставаше рамнодушни. Меѓу публиката  беше и македонската балерина  Емилија Џипунова. И таа не ги штедеше комплиментите за тоа што го виде.  Дилемата беше како да се опише кинеската претстава, уметност, модерен танц,  модерен балет, кунг фу боречки вештини доведени до совршенство.

Ова што го видовме е умешност и тоа е нешто фасцинантно. Не сум изненадена од  тоа што го видов, бидејќи од време ги следам старите цивилизации, вклучувајќи ја и Кинеската. Кинезите се познати по оваа атрактивност и извонредна упорност во работата. Тие немаат свој танц, свој народен танц. Ги имаат овие вештини и тука се генијални, навистина така генијални  -  рече Џипунова, која токму на годинашниот ,,Танц Фест,, ја доби наградата ,,Менада,,  за врвни достигнувања во балетот.

 Годинашниот Танц фест беше 11-ти по ред и се одржа во Скопје и Велес, настапија танцови групи од Холандија, Бугарија и Кина. Фестивалот беше затворен токму со кинеската атракција, која е на мини турнеја низ Европа. Освен во Велес настапува во Босна а потоа во Литванија. Проектот е на шестмина кореографи, во режија на Лиу Ли, музика на Зоу Ханг. Во пет сцени беше презентирана  традиционалната но и современата кинеска уметност и култура. 

Аплаузот и овациите на крајот од претставата говорат сами за себе. Бев  по покана на Кинеската Влада таму во октомври лани. Се запознав со кинеската танцова сцена, ја видов и оваа Кунг фу компанија, ги поканив, тие прифатија и не` воодушевија. Им благодарам за настапот.   Моето задоволство е големо  а радоста е на публиката - рече Рисима Рисимкин, организатор на Танц Фест.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »