речник контакт

Куп одбојка, Форшпед пред финале

Женската екипа победи во Струмица, машката поразена дома

Петар Печков

Се одиграа првите полуфинални натпревари во одбојкарскиот куп. Екипата на Форшпед  победи во Струмица против екипата на Македонија Макс   со  2:3 (25:23, 13:25, 26:24, 17:25, 4:15). Велешанки како гости стигнаа по предност пред вториот натпревар кој се игра на 10-ти април во Велес.  Иако губеа со 1:0 и 2:1, одбојкарките на Форшпед стигнаа  до победа а во тај брекот  ја растурија убедливо домашната екипа. Најавуваат дека ќе победат и тогаш  и повторно ќе играат во финалето, каде се две години по ред.

Во машка конкуренција  Борец Брако беше домаќин во Велес на екипата на Лирија од која загуби со максимални (24:26, 20:25, 19:25) иако во трите сета се водеше израмнета борба.  Реваншот во Тетово се игра по две седмици.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »