речник контакт

Купувачите се жалат на цените на зеленчукот и овошјето, производителите велат сите трошоци за живот и одгледување пораснаа

И додека граѓаните реагираат на цените на овошјето и зеленчукот, производителите велат дека нивниот вложен труд не е соодветно вреднуван

Петар Печков

Намалувањето на цените на основните прехранбени производи во трговијата, лебот, млекото, сирењето, оризот, не ги почувствуваа граѓаните на Градскиот пазар.

Велат и земјоделските производи, овошјето и градинарски производи се со непроменети цени. И тие постојните, за повеќето купувачи  се високи.

„Никогаш поскапо не било. Со ниски плати пензии, не можеме да си дозволиме да купуваме зарзават, овошје. Патлиџаните до 150 стасаа, краставиците до 80, толку и чушките. Кој е моќен да плати толку скапи патлиџани“ - вели велешанец.

„Некои цени се претерани, други издржливи.  Ако платите и пензиите е повисоки, народот ќе ги издржи овие цени“ вели друг сограѓанин.

И додека граѓаните реагираат на цените на овошјето и зеленчукот, производителите велат дека нивниот вложен труд не е  соодветно вреднуван.

Трошоците кои ги имаат при одгледувањето на културите  биле високи. Посочуваат дека ваквата состојба ќе резултира, да има се помалку производители а се повеќе трговци и овошје и зеленчук увезени од странство.

„Нема род, времето се промени, до 15 јули врнеше, после пеколни горештини, па вода немаше. Препаратите се многу скапи, хемикалиите. Без нив не може воопшто род да имаш, да не се лажеме. Патувам од Дреново, идам само во петок. Само за гориво треба да работам“ - вели производител.

„Имам 70 години уште работам. Џабе работам, голем труд пари ништо. Со некои култури започнав уште во март а сега пари треба да земам а тешко оди “ вели жена од село Караслари.

„ Се жалат на цените. Летово праската ја продававме по 60  денари за кг. многу пари била, сега од странство ја продаваат по 120 денари, таа евтина ли е? Јаболкото увезено е 100 денари за кило, нашето за 20 не го сакаат. За некоја година ќе видат кога нема да има повеќе производители, се од трговци ќе пазарат. Само за бензин колку плаќам, оти идам од Мартолци“ - вели производител.  

За разлика од гарантираните цени во трговијата, воведени од Владата, такви цени нема на пазарите. Иако дел од храната  за дома, се набавува таму.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »