Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 јуни 2026
Неделата претпладне куче домашен миленик нападнало минувач и неговиот миленик. Настанот се случил во близина на поранешна Хемија Комерц во новиот дел на градот. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 29 јуни во 09:30 часот во СВР Велес, Р.А.(50 год) од Велес, пријавил дека на улица „Живко Фирфов“ во Велес, тој и неговиот миленик биле нападнати од куче од расата „стафорд“, сопственост на 34-годишната А.М. од Велес. Според пријавеното, од нападот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во општа болница Велес, а неколку угризи имал и неговиот миленик“ – сооопштија од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
| Tweet |




