речник контакт

Куче скитник каснало велешанец

Настанот е пријавен на улица Шефки Сали. Кучето било во глутница со уште четири други

Петар Печков

Петокот попладне куче скитник каснало велешанец, кој бил во друштво. За настанoт информираа од СВР Велес. 

На ден 13.04.2018 година околу 16 часот на ул.„Шефки Сали“ лицето  Н.Ш.(33) и другар му Б.П. додека се движеле по улицата одеднаш кон нив  се стрчале  5 кучиња скитници, непозната раса, и ги нападнале. При обид да се одбрани лицето Н.Ш. е каснато од едно од кучињата за десната рака во делот на прстите, при што, му е нанесе повреда - пишува во соопштениeто на СВР Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »