речник контакт

Куќата на Мартинови, каде се мереше нивото на Вардар

Душанка Зимек раскажува како нејзиниот брат Ангел го мерел нивото и протокот, кога Вардар течел до нивниот дом

Петар Печков

Веднаш до Мало мовче, близу до  зградата на  Повардарска Епархија  се наоѓа семејната куќа на велешкото семејство Мартинови. Таа со години биле место каде се мерело нивото на реката Вардар.  Приказната за ова ја има Душанка Зимек, сестра на сопственикот Ангел Мартинов,која сега живее во куќата.  

Мојот брат со години го мереше нивото на Вардар. Сигурно беше триесетина и повеќе години.  Дошле од Хидро метеоролошки завод и му понудиле да го мери нивото, за одреден надомест. Бидејќи имаше слободно време, секојдневно тоа го работеше  - објаснува Душка.  Таа детално опишува како се мерело нивото и протокот. 

Имаше апарат со кој се мереше нивото., оти тогаш Вардар течеше до куќата. Во апаратот брат ми секој понеделник, ставаше хартија, на која се бележеше нивото, дали реката расте или опаѓа, како и протокот на вода. На ова скалило, на ѕидот, пак мереше колку е висока реката и тоа го запишуваше. И двете хартии преку пошта ги праќаше за Скопје во Управата  за хидрометеорологија  - вели Зимек.  

 Додава дека Вардар тогаш течел до нивната куќа а потоа текот бил префрлен кон другиот брег. Така немало можност повеќе  во куќата на Мартинови да се мери нивото.   

 По смртта на брат ми немаше кој да мери, го земаа и донесоа  спротива, на другата страна на реката, не знам кој и како мереше. Ама и таму веќе го нема, не знам каде е сега и дали се мери - рече Душанка Зимек.  

Нејзината куќа бидејќи е прв сосед на Вардар. Пред да ја купат оваа куќа, живееле на пазариште близу пазарот.  Имале куќа купена од Трајко Ѕиката, сопственикот на велешкото кино. По ослободувањето им била национализирана, оти била на капиталист, така што морале да е иселат. Ја купиле оваа, покрај Вардар. Таа  е изложена на сите поплави и проблеми кои ги создава надојдената река. Како и неколкуте куќи кои што се во лизина, ја чувствуваат природата на Вардар.  

 Во 1956-та куќата беше под вода, до горе, првиот кат цел беше под вода. Малку  требаше да префрли горе, се качивме  таму и така се спасивме.  После тоа бев во Скопје,  така беше и 1962-та дојде мајка ми кај мене да живее некое време. Изгледа и 78-та имаше есента поплава. Зимово се качи точно до терасава, ама не прелеа - вели Душанка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »