речник контакт

ЛЦД Телевизор од Велес бајкинг за Болницата

Средствата се собрани oд трката која требаше да се одржи на Питијадата

Петар Печков

 Членовите на организациониот одбор на рекреативната  оф роуд трка која требаше да се одржи на Питијдата, на Општата Болница во Велес и подарија ЛЦД телевизор. Средствата кои беа собрани од котизацијата од 160-те учесници кои беа пријавени, наменски се искористија за купување на лцд телевизор. Истиот денес беше врачен на директор на  оваа здравствена установа.   

 Хуманоста на велосипедистите и овој пат се покажа на дело, и покрај тоа што поради лошите временски услови патеката не се извози. Останува пријатно чувството дека сме сториле добар гест - изјави организаторот Зоран Јаневски.  

 Раководството на велешката Болница изразуваат  благодарност за тоа што членовите на здружението ,,Велес бајкинг,, решиле донацијата да им ја посветат на болните од Велес.  Директорот д-р Василев рече дека телевизорот ќе биде наменет за пациентите, никако не за персоналот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »