речник контакт

Ла Манш со нов пејач

Сплиќанецот Томислав Бузов нов вокал на групата. Спотот со Жера од Црвена јабука за Бонаца, премиерно на крајот од јули

Петар Печков

При снимањето на спотот за песната ,,Бонаца,, во Сплит  дојде до нов момент во велешкиот поп состав.  Авторот на текстот за оваа песна Хрватот Томислав Бузов е промовиран во нов пејач.  Така тој е новиот петти член, информираа од групата.  

Ла Манш на почетокот на месецов го снимаше спотот за песната „Бонаца“ во Сплит и околината. Спотот е дело на  „Tulip pro“ и ТВ Канал 21. Сценариото, камерата и монтажата на спотот се на Данчо Стефков.

Во спотот се појавува една од најперспективните млади модели во Хрватска, Паула Буљан, а за шминката беше задолжена една од најдобрите make-up артисти во Хрватска, Маја Баниќ. Спотот се очекува својата премиера да ја доживее на крајот на месец јули.

Инаку, „Бонаца“ е дует на македонскиот бенд и фронтменот на легендарната „Црвена Јабука“ - Дражен Жериќ - Жера. Снимена е во скопското студио „Анастасија“. Музиката е на Роберто Панчевски, аранжманот го направи Роберт Трајков, а текстот е на сплиќанецот Томислав Бузов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »