речник контакт

Лажен полицаец ограбил велешанец

Претставувајќи му се деке е полицаец, претресол лице со посебни потреби и му одзел 8 илјади денари

Петар Печков

 Во саботата околу 10,20 часот во Велес на ул.„Благој Нечев“ во тунелот под Железниот мост, од страна на НН лице, извршена е измама над  А.Л.(1964) од Велес (лице со ограничена деловна способност), соопшти МВР.

Имено, лицето му се претставило на оштетениот дека е полицаец и дека треба да го претресе и да провери дали има кај него нож, при што го фатило за рацете и од џебот му извадило 8.000 денари, по што заминало во непознат правец.

ПС-Велес превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »