речник контакт

Лажно пријавил дека е ограбен

Велешанец лажно пријавил дека е ограбен а златото го продал за да се разборчи во обложувалниците.

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицето Г.Б. (25) од Велес, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Лажно пријавување на кривично дело,, .

На ден 19.04.2010 година во 21,40час. пријавениот Г.Б. по телефон пријавил во полиција дека вечерта додека си одел дома, кај  игралиштето лоцирано на улица Јане Сандански во Велес бил пресретнат од три непознати лица и со закана со нож му биле земени златно ланче и златен прстен.

Од страна на полицијата веднаш е  излезено на лице место, обавен е разговор со пријавениот и поради постоење индиции дека делото би можело да е фингирано, истиот е приведен во полициската станица.

По извршениот  разговор со него, констатирано е дека Г.Б. ги продал предметите во една од златарите во Велес и со добиените пари се раздолжил во спортските обложувалници во Велес каде должел пари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »