речник контакт

Ламњов и неговиот кларинет ја маѓепсаа публиката на неговиот прв солистички концерт во родниот Велес(фото видео)

Ламњов концертно го промовираше неговото прво ЦД „Nostalgic Love“

Петар Печков

Доме слатки доме, вака ги поздрави своите сограѓни и присутни во велешки театар, Благој Ламњов, кој вчеравечер одржа солистички концерт на кларинет. Познавачите на музиката велат дека е ова е вистинска реткост ако не и единствен концерт на кларинет  одржан во  Македонија. Ламњов кој допатува од студената Шведска, каде работи и живее, испорача многу топлина и нежност преку неговиот инструмент.  

„Дома си е дома, благодарам што дојдовете да ме поддржите. Имам малку трема, бидејќи настапот пред своите  ме обврзува. Ова е мој прв концерт во Македонија“ – кажа Ламњов.  (видео)

Тој има настапувано во Шведска и Норвешка, а  заедно со  симфонискиот ,,Холивуд  Концерт Оркестар“ низ Кина и Јапонија. Како слободен уметник  свири и во Операта на Малме и   Филхармонијата во Хелсинборг. Благој знае да свири и на гајда, тапан, зурла, саксофон.

„Овој концерт е како да стоите на некоја карпа над Вардар или Бабуна, или Јадран и сакате да скокнете. Така и јас стоев неколку години, дали да скокнам или не, да одржам концерт или не, се додека еден човек не ме бутна во водата.  Тоа е Петер Тегнер од Шведска, тој ми охрабри да скокнам, поточно да одржам свој солистички концерт“ – објасни Благој.

Тие двајцата беа на сцената и ги изведоа нумерите од  неговиот прв албум „Носталгична љубов“ издаден пред пет години и најави дека во април го снимил продолжението „Nostalgic Love 2“ кое планира да го промовира во септември или октомври годинава.

Во салата на велешки театар публиката со аплаузи го испрати Ламњов и неговите изведби посебно на македонските народни класики „Јовано, Јованке“ „Елено ќерко“ и „Налеј налеј“ а на бис публиката ја пееше „Се посврши сербeз Донка“

Во изведбата на  орото „ Скопско“ имаше придружба од четири член состав, од традиционални македонски инструменти, негови пријатели од  младите години  Мухемер Абедин тамбура, Владимир Велковски хармоника, Трајче Ристов тапан, Филип Арилон гитара. (видео)

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »