речник контакт

Лани 150 разводи а 372 склопени брака во велешко

Во текот на ланската 2024 година безмалку идентичен е бројот, во однос на 2023 година, за бројот на разводи случени на територијата на Основен суд Велес.

Петар Печков

Во текот на ланската 2024 година безмалку идентичен е бројот, во однос на 2023 година, за бројот на разводи случени на територијата на Основен суд Велес. Oва го покажуваат бројките добиени од оваа судска институција.

„Во текот на 2024 година во Основен суд Велес, примени се вкупно 165 тужби за развод на брак, од кои 25 тужби со предлог за спогодбен развод на брак. Од вкупно примените тужби за развод на брак решени се 150 предмети од кои 25 предмети оформени по тужби со предлог за спогодбен развод на брак“ – соопшти судијката Дара Арсова, портпарол на Основен суд Велес.

Во 2022 година заведени биле  вкупно 169 тужби за развод на брак од кои 31  со предлог за спогодбен развод на брак и 138 тужби за развод на брак. Во 2023 година заведени се вкупно 149 тужби за развод на брак од кои 27 со предлог за спогодбен развод на брак и 122 тужби за развод на брак.

Законот за семејството уредува два начина на поведување постапка за развод на бракот. Кога двајцата брачни другари се согласни да се разведат и кога нема заемна согласност за развод, се поднесува тужба од страна на едниот брачен другар.

За илустрација лани има  372 склопени брака во Велешко а имало судски 150  решени разводи.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »