речник контакт

Лани 6,2 илјади Македонци станаа Бугари

Ова е најголема бројка досега, според Бугарските власти

Петар Печков

Вкупно 6.196 Македонци минатата година добиле бугарско државјанство, покажува годишниот извештај на Комисијата за бугарско државјанство и Бугари во туѓина во рамките на Администрацијата на Претседателот. Извештајот покажува дека споредено со 2015 година, бројот на Македонци што добиле бугарско државјанство е пораснат за 1.881.

„Во 2016 година продолжува трендот на зголемување на бројот на луѓе од Република Македонија коишто добиле бугарско државјанство. Во споредба со 2014 година кога нивниот број е 1.874 луѓе, во 2015 година се зголемува на 4.315 луѓе за бројот на натурализирани македонски граѓани лани да достигне 6.196 луѓе“, пишува во извештајот.

Со тоа,  според пишувањето на Призма, од 2005 година до лани, вкупно 63.823 Македонци декларирале дека имаат бугарско потекло, односно добиле државјанство и пасош. Македонците се први на листата според потпишаните укази за добивање бугарско државјанство лани.

Текстот е преземен од   http://prizma.mk/

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »