речник контакт

Лани велешка библиотека набавила 2.430 нови книги

Кои книги се најчитани на одделот за возрасни и за деца?

Петар Печков

Библиотечниот фонд на градската библиотека Гоце Делчев од Велес  лани  е зголемен за 2.430  наслови, книги набавени во текот на во текот на 2024 година.

Што најмногу читаа велешани?

Пет најчитани книги во Локална библиотека „Гоце Делчев“ -Велес, за 2024 година во Одделот за возрасни.   
1. „Домашен фронт“ од Кристин Хана
Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот – деца, кариери, сметки, домашни обврски – додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа. Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, несвикнат да биде единствениот родител на двете ќерки...

2. „Танцувај со мене“ од Сузан Е. Филипс
Кога животот ја разочарува по којзнае кој пат, младата вдовица Тес Хартсонг бега во мало гратче високо во планините Тенеси, надевајќи се дека во природата ќе успее да побегне од скршеното срце и да го најде мирот којшто ѝ е потребен за да си дојде на себе. Но наместо спокој и тишина, пронаоѓа енигматичен уметник кој исто така е во потрага по самотија, еден слободен дух со премногу тајни, едно беспомошно новороденче, група љубопитни тинејџери и град сомничав кон секој новодојденец, особено таквите тврдоглави како Тес...

3. „Добра ноќ Џун“ од Сара Џио
Џун Андерсен е успешна на професионално поле, но многу несреќна во приватниот живот. Неочекувано ја повикуваат за наследството на нејзината почината тетка Руби и треба да донесе одлука за судбината на детската книжарница Сината птица, која Руби ја основала во четириесеттите. Помеѓу документацијата во книжарницата, Џун наоѓа писма кои си ги пишувале Руби и покојната Маргарет Вајс Браун… и зачекорува во страниците на американската литература...

4. „Тајната аптека“ од Сара Пенер
1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел од темна лондонска уличка, Нела го чека својот најнов клиент. Некогаш почитувана исцелителка, сега го користи своето знаење за мрачна цел - им продава добро прикриени отрови на очајни жени, кои би убиле за да се ослободат од мажите во своите животи...

5. „Скици од Венеција“ од Рис Боуен
Каролин Грант се бори со прифаќање на крајот на својот брак, кога ќе добие неочекувано наследство. Нејзината сакана баба Лети ѝ остава два блока и три клуча, а со последниот здив изговара: “Венеција”. Задачата на Каролин е да ја расфрли пепелта на баба ѝ Лети во градот што таа го сакала, но и да открие тајни стари повеќе од шеесет години.

Пет најчитани книги во Локална библиотека „Гоце Делчев“ -Велес, за 2024 година во одделот за деца се:
1. „Пајажината на Климентина“ од Елвин Б. Бајт
2. „Збунети години“ од Велко Неделковски
3. „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски
4. „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески.Овој роман е воведен како задолжителна лектира за петто одделение.
5. „Силјан штркот“ од Марко Цепенков. Изданието е задолжителна лектира за седмо одделение.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »