речник контакт

Лани во Велес згаснале 110 фирми

Во текот на минатата 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми

Петар Печков

Во 2023 година во Велес затворени се 110 фирми. Со оваа бројка градот се наоѓа на 10-то место, меѓу градовите од Македонија.  Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми.

Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми, објави порталот „Пари“.

Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.

Најмногу фирми згаснале во Скопје 1.440 , потоа следат Битола со 263, Тетово со 248, Гостивар 198 и Куманово со 182, па Прилеп 174, Струга 154, Охрид 147, Струмица 133.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »