речник контакт

Лани во Велес имало осум самоубиства

Бројот од година во година варира. Кои се причините што луѓето посегнуваат по сопствениот живот

Петар Печков

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, минатата година во државава бил регистриран пораст на бројот на самоубиства, во однос на 2017 година.

Во текот на 2018-та во Велес биле извршени осум , додека на територија  на Македонија 121 самоубиство. Од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово и по осум во  Охрид и Тетово.

Во 2017 година биле регистрирани 103 самоубиства во Велес две.

Во 2016 година, пак, биле извршени 136 самоубиства, во Велес седум од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово .

Според лекарите причините  кои го предизвикуваат самоубиствата, тие   најчесто ги вклучуваат душевни болести како што се депресија, биполарно растројство, шизофренија, злоупотреба на супстанции, вклучувајќи алкохолизам.

Други самоубиства вклучуваат импулсивни дејства поради стрес, како што се финансиски тешкотии, проблеми со врски или малтретирање- физичко или психичко.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »