речник контакт

Лани во Велес помалку туристи отколку во 2017-та

И натаму најбројни гости се Србите, пред Германците и Романците

Петар Печков

Во 2018-та во Велес престојувале 9.634 туристи, кои оствариле 17.254 ноќевања или 1,8 по гостин. Од нив 6.451 биле странец со 10.803 ноќевања кои во просек престојувале 1,6 дена, додека домашни имало 2.944 туристи со 6.690 ноќевања или 2,2 дена по гостин. Споредено со 2017-тата, минатата година имало помал број на туристи, помалку и од 2016-тата.  Така во 2017-та имало 10.890 туристи кои оствариле 18.864 ноќевања, од нив 8.009 странски а 2.881 домашни.

Бројките покажуваат дека домашни туристи во Велес имало повеќе во 2018-та отколку во 2017-та, иако вкупниот број е намален. Во 2016-та во Велес престојувале 9.816 туристи со 15.430 ноќевања, тогаш иако побројни  помалку престојувале. Во оваа година бројката на странски туристи била 6.609 а на домашни 3.207.  За потсетување во 2015-та во хотелите во градов престојувале 8.377 туристи кои имале 12.938 ноќевања. 

Што се однесува по држава од каде туристите престојувале во Велес, како и годините наназад најбројни се Србите со  1.832  гости и 2.069 ноќевања, па  Германците со 758 гостин и 1.564 ноќевања и трети се Романците со 543 турист и 905 ноќевање. Потоа следат Унгарците, Грците... Што се однесува до туристи ги имало и од Јужна Кореја, Бразил, Јапонија, Јужна Африка... 

По месеци пак во 2018-тата најмногу туристи  имало во јули 1.824 кои оствариле  3.052 ноќевања а најмалку во април лани, во време на Велигденските празници со 466 гости и 769 ноќевања.

Бројките користени во текстот се на Државниот завод за статистика 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »