речник контакт

Лани во Велес регистрирани 12 дивоградби

Во општина Чашка има дури 27, во Градско нема

Петар Печков

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2013 година, на територијата  на општина Велес регистрирани се 12  нови дивоградби.  Од нив две се  објекти за домување, три се деловни објекти, 2 се времени, 4 се гаражи и една ограда. Ова го регистрирале надлежните градежни инспектори.  Интересно е што во општина Градско лани немало  нови дивоградби.  Во Лозово имало една и тоа бил објект за домување, додека рекордер е општина Чашка каде има 27 нови дивоградби и сите се објекти за домување. 

На територијата на Република Македонија  лани биле регистрирани 1. 275 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 247 објекти за домување (19.4%), 174 доградби, надградби
и адаптации (13.6%), 108 деловни објекти (8.5%), 100 гаражи (7.8%), 201 огради (15.8%), 13 скалила (1.0%), 58
тераси (4.5%), 11 летни тераси (0.9%), 105 настрешници (8.2%), 126 времени објекти (9.9%) и 132 помошни
објекти (10.4%).

Најголем број бесправно изградени објекти (98.3%) се во приватна сопственост.

Податоците се користени  извештајот на Државниот завод за статистика.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »