речник контакт

Лани во Велес собрани 4.070 крвни единици

Планот исполнет со 219 отсто. Општината четврта во Македонија. Лани нови 543 крводарители

Петар Печков

 Минатата година  крводарителите од општина Велес собрале 4.070 крвни единици. Тоа е 219 отсто до годишниот план кој изнесува  1.861 крвна единица. Со оваа бројка  Општинскиот Црвен Крст е четврти во Македонија.

Од бројката на крводарители во велешко лани биле регистрирани 673 жени  додека 543 дарители за прв пат дарувале крв, што е бројка која охрабрува, дека Велес  има иднина во крводарувањето.  

Споредбено во 2012 –та беа  собрани  4076,  во 2011-тата имаше  рекордни 4335 крвни единици, во 2010 –та 3.901 и во 2009-та 3.489 крвни единици

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »