речник контакт

Лани во Велес умреле 494 лица

Во општината регистрирани се 648 смртни сслучаи

Петар Печков

Во текот на 2013 година во градот починале 494 лица, според бројките на ЈКП Дервен оддел  ,,гробишта,,. 

Или  извршени биле вкупно 494 погреби, од кои 162  на гробиштата кај црквата Св.Пантелејмон, 221 погреби на гробиштата кај црквата Св.Спас и 111 погреби на Новите градски гробишта во Раштани.

Издадени се  вкупно 648 одобренија за погреб на ниво на Општина Велес. Оваа разлика е поради тоа што 648 лица се однесува на починати во целата општина,вклучувајќи ги и селата, додека 494 е само за Велес.

За потсетување според информацијата од велешката Болница на почетокот од годинава, кај нив годинава се родиле 670 бебиња  а тука влегуваат и бебињата од општина Лозово,  чии  починати   пак не спаѓаат во бројката на велешка општина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »