речник контакт

Лани во Македонија дипломирале 8.233 студенти

За 3,6% зголемен бројот на дипломирани студенти, повеќето се жени -4.734

Петар Печков

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во 2017 година, бројот на дипломирани студенти на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2016 година, е зголемен за 3.6 %.

Или во бројки лани во земјава на државните и приватни факултети дипломирале 8.233 студенти додека во 2016-тата студии завршиле 7.947 апсолвенти.   Од вкупниот број дипломирани студенти, 82.1 % се редовни, а 17.9 % се вонредни студенти.Процентот на дипломирани студентки изнесува 57.5 %.

Од вкупниот број студенти, 38.6 % дипломирале во рок, додека 61.4 % дипломирале после  рокот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »