речник контакт

Лани во Уред аплицирани 2.680 дози вакцина против ковид-19

Најголем дел од аплицираните се ревакцини, 3 или 4 доза. Последните месеци интересот за вакцинација против ковид-19 е мошне мал

Петар Печков

Во втората година од светската пандемија на корона вирусот, во  2022 година, во Здравствениот дом во Велес продолжи вакцинацијата против ковид-19.

Според добиените податоци од оваа здравствена институција, во периодот 2 јануари до  30 декември 2022 вкупно биле аплицирани  2.680  дози на вакцини против ковид-19. Од нив 2645 се Фајзер,  а останатите се  Модерна и Синовак.

„Најголем дел аплицираните се ревакцини, 3 или 4 доза“ кажа д-р Мирана Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт против ковид-19.

И натаму во Здравен дом Велес продолжува вакцинацијата против ковид-19, секој работен ден. Заинтересираните на располагање имаат вакцини  Фајзер и  дел од Синовак.

Засега интересот е мошне мал за вакцинација. Така било последните два месеци и од минатата година. 

Во овој вакцинален пункт се вакцинираат и лица од општините Градско, Лозово и Чашка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »