речник контакт

Лани во велешко ,,беби бум,, родени 724 бебиња, ,,дојде животот,,

40 отсто повеќе бебиња лани, отколку година дена претходно. Женска година, далеку повеќе родени девојчиња отколку машки. Во Општина Чашка се намалува бројот на новороденчиња

Петар Печков

Лани во велешко родени биле 724  бебиња, од тоа  309 машки и  415 девојчиња, или мината година била женска година.  За споредба во 2016-тата имаше  512  бебиња, од нив  257 се машки и 255 се девојчиња.  Или лани имало за 212 бебиња повеќе од  претходната а во проценти тоа се 40 повеќе .  Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца.  Станува збор за деца родени по адреса на живеење, која се води во велешко.  За потсетување во   2015-та  во велешко (тоа се општините Велес, Чашка и Градско) се родиле  524  додека во 2014-та  во велешко биле родени 557 бебиња. 

Според местото на живеење во градот родени се  435 бебиња, во селата  101, во Општина Градско   вкупно се родени 49    а во Општина Чашка  има родено  140 или за 21 помалку отколку година дена порано.  За потсетување во 2015-та во Велес имало 420  новороденчиња 102 во село, во Градско 42, во Чашка 131. Или во 2014-та имало  461 родени бебиња  во Велес, во селата 96,  во Градско  39, во Чашка 142 родени бебиња. 

 Од бебињата родени во градот по место на живеење,  дури 104 се родени во Скопје, 5 се родени во Битола едно во Шпанија и едно во Србија. Едно бебе во општина Градско е  родено во Холандија. Во двете соседни општини - Градско и Чашка, сеуште  има по случаи на бебиња родени дома. Лани се родиле по две во двете општини. 

Во ЈЗУ ОПшта Болница Велес, на акушерското одделение во 2017-та година биле родени  649  бебиња а во 2016-та  651. Тоа се по место на раѓање, додека претходните податоци беа родени бебиња  по место на живеење.  

при користењето на податоците и преземањето да се посочи дека анализата е  на порталот Тирековмирече 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »