речник контакт

Лани во велешко 15 отсто родени помалку бебиња, отколку во 2022 година

Помалку бебиња се родени во Општина Чашка и во Општина Градско

Петар Печков

Ланската 2023 година родени се 329 бебиња, чии родители се со адреса на живеење во Општина Велес. Тоа е за 59 помалку отколку во 2022 година, кога имало 388 или за 15 отсто помалку. Од новородените 176 се машки и 153 девојче.

Во градот Велес родени лани се 276 бебиња, наспроти 321  родени во 2022 година. Во велешките села родени се 53 новороденчиња, наспроти 67 од 2022 година. Лани во градот Велес родени биле 20 близнаци, подеднакво по 10 машки и женски.  

Од лани родените новороденчиња, мајките на 161 се породени во велешка болница, 115 во болниците во други градови,  во Скопје 95, девет  во Битола, новина е што има и во Штип и таму се девет. Едно како и годините наназад е родено во Струмица а едно во Швајцарија чии родители се вратиле да живеат во Велес. 

Од година во година расте процентот на новороденчиња кои се родени надвор од велешка болница, лани тој беше 60:40 Слична е состојбата и со новородените бебиња од велешките села, од 53, 31 е родено во болница Велес а 21 во Скопје, државна и приватни.  Едно се родило во Италија но родителите се вратиле да живеат во селото.

Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом Велес, Служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, каде новороденчињата  се евидентираат по местото на живеење на мајката.

Во Општина Градско бројот на новороденчиња во 2023 е 17  што е за шест помалку отколку во  2022 година. Повеќето се женски 10/7 машки. Во болницата во Велес се родени 10, во Скопје 3 Кавадарци  2, едно во Битола, додека едно бебе е родено во Германија а родители се вратиле да живеат во Градско. .

Во Општина Чашка  лани се родени 100 новороденчиња што е за 26 помалку од 2022. Повеќето се машки 52/48 женски. Од вкупниот број 75 се родени во Велес, 22 во клиниките државна или приватни во Скопје, две во Тетово и едно е родено дома.

Изминатата 2023 година на акушерското  одделение од велешка болница  родени се 300  машки 152/148 женски  бебиња што е за 38 помалку отколку во 2022 година, но тука се породуваат родилки и од Лозово и Свети Николе. Во 2021 година  биле родени 396 бебиња. Во првите 20 дена во велешка болница родени биле 17 бебиња, а на првото годинава се чекаше на 5 јанаури.  

Докторите, гинеколозите,  овој пад го припишуваат на одливот на младите од градот и земјава, но и од социо- економскиот статус.

при користењето на податоците и преземањето, задолжително да се посочи дека анализата е  на порталот Тирековмирече

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »