речник контакт

Лани во велешко помалку криминал, помалку кривични пријави и помалку сторители

Од сторените криминални дејствија, половината се откриени, половина се непознати. Половината од сторителите на криминални дејствија се повторници

Петар Печков

Според годишниот извештај за работа на  Полициската станица Велес, минатата година во поширокиот регион на велешко, била со помалку криминал, отколку во 2016-тата.  Статистичките податоци во 2017 година на подрачјето на ПС Велес ce евидентирани 475 (619 во 2016-та) кривични дела за кои до обвинителството се поднесени 269 (322) кривични пријави против 328 (407) сторители .

Од вкупниот број на сторители 170 (203) се јавуваат како повторници во сторување на кривични дела. Во споредба со претходната година 2016-та, се бележи намалување на вкупниот број на кривични дела за 23%, на бројот на пријавени сторители на кривични дела за 16%, и намалување на бројот на поднесени кривични пријави за 19%.

Од вкупниот  криминалитет  476  (619 во 2016-та)  најголем  број  на  кривичните  дела  евидентирани  се во областа на класичниот криминал 438 (581) тие  учествуваат со 92%, во економскиот евидентирани се 21 (13) кривични дела што е 5%, во организираниот криминал има 2 (5) кривични дела и во недозволената трговија 15 (20) кривични дела кои  учествуват со 3%.

 Од вкупно извршените дела 476 (619)  со познат сторител се 176 (210) и преставува  36% од вкупниот  број,  а  со  непознат  сторител  300 (409)  и  преставува  64% од  вкупната  бројка на регистрирани кривични дела. Од вкупно извршени дела со непознат  НН сторител 300 (409)  подоцна во извештајниот период се расветлени 131 (172) дела, расветлени од поранешни години се вкупно 17 (9) со што е остварена откривачка ефикасност во извештаен период од 43% (42%), а вкупната ефикасност со расветлени кривични дела од претходен период е 49%(44%).

Од нарушувањета на јавниот ред и мир  најчести биле физичките напади 20(125) и нарушен ЈРМ со карање и викање 5(35),како и тепачките 3(16). За обележување е битно намалениот број на тепачки минаата  година, споредено  со  2016-тата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »