речник контакт

Лани во велешко само три случаи на бруцелоза

Пред 10 години ја имало до 60 случаи годишно

Петар Печков

Во Велес и велешко во текот на изминатата 2015 година биле регистрирани само три лица. Ова се податоци  според ЈЗУ Центар за јавно здравје  од Велес. Од тројцата заболени  од болеста бруцелоза,  една  е жена. 

– Еден од случаите на заболени е рецидив, болен кој  болеста ја имал пред десетина години и сега таа повторно се појавила. Со тоа што бројот на заболени е сведен на минимум,  може да заклучиме дека болеста во овој велешки регион е целосно искоренета, изјави  епидемиологот д-р Трајкова.

Таа појаснува дека ваквата поволна состојба се должи и на тоа што сточарите во велешкиот поширок регион целосно ја имаат вакцинирано стоката овци и кози, а со тоа е спречено ширењето на болеста.

Само до пред десетина години имавме и по 60, па, и повеќе заболени од бруцелоза, потсети д-р Трајкова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »