речник контакт

Лани во велешко скоро 600 лица се заразиле со заразни болести, најмногу имало сипаници

Критична била состојба со појавата на вирусни хеморагични трески. Лани имало само 28 случаи на грип и 40 на ковид-19.Извештај на Центарот за Јавно здравје Велес

Петар Печков

Ланската година во однос на заразните заболување состојбата во општина Велес била стабилна, се вели во извештајот на Центарот за јавно здравје кој беше доставен до членовите на Советот на Општина Велес.

Во 2023 година во велешко имало 599 заболени од заразни заболувања, без грип и ковид-19. Со капкови заразни заболувања имало 463 случаи, најмногу сипаници  452, петмина од мононуклеозис инфектива, , еден од заушки и петмина од  шарлах.

Во 2023 имало 37 цревни заразни заболувања, најмногу 19 со ентероколитис и 18 со салмонела. Има регистрирано и два случаи на хепатитис- по еден хепатитис вироза и хепатиртси Ц. Центарот за Јавно здравје лани регистрирал и 26 случаи на шуга.

Посебно критична била состојба со појавата на вирусни хеморагични трески и тоа два случаи на хеморагична треска со бубрежен синдром, една конго- кримска хеморгичан треска и еден случај на внесена Денга трска од летување на Малдиви.

Во 2023 година во велешко имало 28 случаи на грип и 40 случаи на ковид-19, без починати.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »