речник контакт

Лани во година во време на ковид пандемијата, итната помош со помалку интервенции а во отежнати услови на работа

Зголемен број на интервенции при сообраќајки, лани во однос на 2019-та

Петар Печков

Лани  здравствените екипи на велешката  Итна помош имале помалку работа отколку во 2019-та година. Ова го покажуваат бројките на интервенции кои тие ги имале и на терен и во амбулантата.  

Во текот на 2020 година,  итната помош  на терен  имала 6777 интервенции од кои 5985 биле во Велес, а 792 во населените места  од поширокиот велешки регион, во кои влегуваат соседните општини Чашка и Градско. 

Спoредено со 2019-та година имале 7307 интервенции, од кои 6446 во град и 861 во селата во поширокиот велешки регион, или помалку за 530. 

Вработените во Итната помош Велес,   лани  имале вкупно 13 574 прегледи во амбуланта, од кои 9 652 од град и 3 922 од село, што е помалку за 7 425 прегледи од 2019-та  година  кога имало вкупно 20 999 прегледи во амбуланта од кои 15 131  на пациенти од град и 5 868 од село. 

Минатата година , која беше година на пандемијата на ковид, ја одбележа работата на Итната помош, која работи во рамките на ЈЗУ Здравствен дом Велес. Во девет месеци од годината, тие работеа во специфични, отежнати услови, со заштитни скафандери и по ковид-протоколи.

Од март до декември 2020 година, екипата на итната медицинска помош  имаше  465 домашни интервенции за Ковид пациенти.  Лани  имаше  136 интервенции на терен при сообраќајни несреќи што е за 14 повеќе споредено со 2019 година кога  беа забележани  122 интервенции на терен -  кажа д-р Василка  Пановска, началник на Итната помош во Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »