речник контакт

Лани девет малолетнички од велешко станале мајки

Да се биде родител е тешко, а уште е потешко е да се биде родител пред завршена 14 односно 18 годишна возраст, велат психолозите

Петар Печков

Да се биде родител е тешко, а уште е потешко е да се биде родител пред завршена 14 односно 18 годишна возраст, велат психолозите  

Минатата година во општина Велес породени се девет малолетнички, девојки на возраст до 18 години. Шест биле од градот и три од селата. Ова се официјалните бројки од  Одделението за развојно советувалиште  при ЈЗУ Здравствен дом Велес.  Нема како било претходните години, да се спореди дали бројот расте или се намалува,можеби е и ист. Но зошто  стручните лица реагираат на мајчинството кај малолетните мајки.

Да се биде родител е тешко, а уште е потешко е да се биде родител пред завршена 14 односно 18 годишна возраст. Периодот до 14-та  година мајката треба да се зближи со ќерката, да ги разбере нејзините дилеми и  интереси со кои се соочува. Доколку се случи бременост и раѓање на дете, малолетничката се соочува со психолошки потешкотии. Се работи за емоционална зрелост на мајката, физиолошка неспремност на организмот, чести невротски   карактеристики, како  депресија, анксиозност,  силно чувство на страв, разочараност, несигурност, нерасположена, има кофузија во мислењето. Финансиската и материјална страна ја прави малолетничката несигурна, неспремна, невротична, поради што мајката се  одлучува да  го  остави  штотуку роденото дете - Лидија Ѓуровска психолог при ЈЗУ Здравен дом Велес. 

Таа потсетува и за развојот  на личноста и што  претходно се случува со овие деца -мајки. 

За развојот на личноста битни се два фактори, биолошкиот и социјалниот. Особено значаен фактор за развој на личноста е семејството, особено во првите години од животот на детето.  Тоа има потреба да биде сакано и да биде сигурно. Втор важен момент е училиштето, за развој на детето.   Тргнување на училиште е доаѓање во нова средина, воспоставање на нови социјални  односи и здобивање на самостојност. Улогата на врсниците е често фактор на кој треба да се обрне значење, затоа што првите сознавања ги добива  од своите врсници, кои  можат да го одведат во погрешна насока.  Да ги споменам грешките кои родителите ги прават кон детето и воспитувањето.    Потполно занемарување на чувствата на своето дете, претерана попустливост, претерана строгост која значи   непочитување на чувствата на  детето и приемна  на казни.  Мајката треба да знае дека нејзината ќерка има потреба  од неа, преку разговор и  интерес за  нејзиниот живот. Треба да знае да  простува  и да го  пофали детето во секоја ситуација. Слободно треба да се зборува за сексот, не треба тоа да биде табу тема -  објаснува Ѓуровска.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »