Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 февруари 2025
Зголемен е бројот на починати лица во Велешко, без општините Градско и Чашка. Лани имало 600 починати, наспроти 555 во 2023. Највисока бројка на починати во Велес и велешко, од после војната 1945 имаше во 2021, во перидот на ковид пандемијата со 677 лица.
Во одговор на поставеното прашање од ТрМр, во 2024 година ЈКП Дервен има издадено 206 одобренија за погреб на градските гробишта кај црквата Св. Спас, 161 одобренија за погреб на градските гробишта кај црквата Св. Пантелејмон и 171 за новите градски гробишта кај село Раштани. Или вкупно за град Велес 538. На муслиманските гробишта лани имало 45 погреби и во велешките села 17.
Управата за водење на матична евиденција канцеларија Велес, лани 2024 година издала 665 изводи за починати лица. Но ова се податоци за општините Велес, Градско и Чашка, наспроти 617 во 2023. Минатата година во Велес има три лица кои извршиле самоубиства, двајца мажи и една жена.
Tweet |