речник контакт

Лани езеро Младост порибено со 370 кг крап

Немаше порибувања на реките оти ЗСП ,,Бабуна,, концесија за нив доби во јули

Петар Печков

Годинава езеро Младост е порибено со 370 кг  и тоа со крап.  Тоа е согласно  потпишаната концесија со Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна,,, која истече во месец август. Порибувањето е извршено во средината на месец декември, информираа од ЗСР ,,Бабуна,, од сопствени средства на здружението, кео брои околу 700  спортски риболовци. 

Сега е во тек објава за нов концесионер на ова водена површина.

Годинава не се извршени порибувања на реките Вардар, Тополка и Бабуна од страна на ЗСР ,,Бабуна,, оти постојната концесија им истече а новата ја добија во јули.  Согласно истата таква обврска за порибување ќе имаат од оваа 2019-та година.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »