речник контакт

Лани за помош на граѓаните исплатени еден милион денари од општинскиот Буџет

Најмногу за помош по пожар и за смрт на член на семејство

Петар Печков

Минатата година од Општинскиот Буџет исплатени се 1.022 милион денари како еднократна помош, за граѓаните на општината.  Советот на Општина Велес одобрил  692 илјади а Градоначалникот Славчо Чадиев 330 илјади денари.  

Или   490 илјади денари за помош поради пожар, за 13 лица а таа се движела од   15 илјади денари до 70 илјади денари.  Исплатени се и  202 илјади денари на поединци за различни цели, учество на спортски натпревари, учество на талентирани ученици на  натпревари  низ светот, како и за  покажана храброст и смелост во спречување на  разбојништво.  

Градоначалникот пак има исплетено 330  илјади денари за помош во случај  на смрт на вработен или негов близок во институциите кои се под локалната власт. Тие се исплатени во  19 случаи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »