речник контакт

Лани за новороденче од општинската каса исплатени 550 илјади денари парична помош

Cредствата се исплатуваа прв пат ланската година и тоа откако еден од родителите поднесува писмено барање за оваа парична помош

Петар Печков

Лани од општинската каса биле исплатени скоро 550 илјади денари објави парична помош за новороденче во Општина Велес, објави  порталот Тирековмирече.

„Во 2023 година 166 баратели го искористиле правото за доделување на парична помош за новороденче, од кои 94 за машки новороденчиња и 72 за женски новороденчиња а реализирани се вкупно 549.612 денари“ - соопштија од Општина Велес по одговор на прашање од ТрМр.

Cредствата се исплатуваа прв пат ланската година и тоа откако еден од родителите поднесува  писмено барање за оваа парична помош.  Истата е само за жители на Општина Велес, со доказ за место на живеење во општината.  Средствата кои се вкупно исплатени се со персонален данок, и затоа вредноста е повисока од три илјади денари по бебе, објаснија од локалната власт.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »