речник контакт

Лани зголемен е бројот на бракови склопени во Велешко

Првиот склопен брак годинава, во Велес беше уште на првиот работен ден, на 2 јануари

Петар Печков

Зголемен е бројот на склопени бракови во Општина Велес изминатата 2023 година. Според добиените податоци од  Управата за водење на матична евиденција Велес и трите одделенија во Градско , Чашка и Богомила, во 2023 има склопено 416 брака, што е зголемување од 33 во однос на 2022 година кога имало 383 венчани пара.Така неколку години по ред е во пораст бројот на склопени бркови, во 2022 имало 324, во 2021 355, во 2020 само 263, што е година на светската пандемија  на ковид а во 2019- 360 брака. 

Првиот склопен брак годинава,  во Велес беше уште на првиот работен ден, на 2 јануари. Посебно е забележлив зголемениот број на венчани на истекот на 2023 година,при враќањето на нашите сограѓани кои живеат во Западна Европа.  Така во последните 10 дена од истекот на 2023 година имало 12 нови брака. 

Од Управата за водење матична евиденција,  потсетуваат дека бројката од   склопени бракови годинава, не е целосна и точна  за  Велес. Оти младите имаат можност, а тоа и го користат, да склопат брак во друг град, во некој туристички центар, Охрид, Струга, Крушево, што во пракса и се случува. И тогаш тој брак се води дека е склопен во тој град, иако младите се велешани со адреса на живеење во Велес. 

Како што има случаи млади од Свети Николе да склопуваат брак во Велес. Во бројката на склопени бракови, се и жители од  други градови, кој стапуваат во брак во винариите или угостителските објекти во велешко.  

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »