речник контакт

Лани изречени 4.712 прекршочни казни за возачите во велешко

Оваа бројка е за 60 отсто повисока отколку во 2017-та. Повеќе казни и по Законот за возила, за регистрација и техничка исправност. Слична е состојбата и во општините Кавадарци и Неготино

Петар Печков

Минатата година, на подрачјето на Општина Велес, полицијата изрекла 4.712 прекршочни казни кон возачите за непрописно возење.  Тоа е за дури 60 проценти повеќе отколку во 2017-тата година. Ова се бројки соопштени од СВР Велес. 

Бидејќи таа го покрива и подрачјето на Кавадарци и Неготино, ова се бројки за овие две општини.  Во Кавадарци изречени биле 3.100 казни, што е за 90 отсто повеќе од година дена претходно, додека во Неготино биле изречени  3.444 казни што е за 50 отсто повеќе од претходната. Овие казни кон возачите се изречени согласно Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата (ЗБСП). 

Или  збирно  СВР Велес вкупно во сите три општини Велес,Кавадарци и Неготино согласно ЗБСП лани биле изречени вкупно 11.156 прекршочни казни на возачи за непрописно возење што е за 67 проценти повеќе споредено со 2017 година.

Полицијата казнувала и по Законот за возила, во однос на регистрација и исправност на возилата. И тука пројдени споредено помеѓу 2017-та и 2018-та се повисоки. Лани на подрачјето на Велес биле изречени 596 прекршочни казни на возачи, што е за 18 проценти повеќе од 2017.

Според истиот  Законот  на подрачјето на Кавадарци лани биле изречени 360 прекршочни казни што, исто така, е за 18 процени повеќе од 2017, а во Неготино биле изречени 581 прекршочни казни што е за 19 проценти повеќе од 2017 година. Во сите три општини Велес,Кавадарци и Неготино, а кои се на територијата на СВР Велес лани биле изречени вкупно 1.537 прекршочни казни согласно Законот за возила што е за 18 проценти повеќе од 2017.

Зголемениот број прекршочни казни се должи на зголемените сообраќајни контроли во од страна на полицијата од една, но и пред се поради зголемен процент на возачи кои не го почитувале овој закон, односно не ги почитувале сообраќајните знаци и правила - кажа Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »