Петар Печков
Објавено: среда, 15 јануари 2020
Според податоците добиени од локалната власт, ланската 2019-та година на територијата на Територијалната подрачна противпожарна единица Велес имало регистрирано 351 пожари. Тоа е далеку повеќе, отколку во 2018-тата кога биле регистрирани 250.
Во 2019-тата на територијата на Општина Велес имало 303 пожари а година дена претходно 239., по девет и двете години биле регистрирани на територијата на Општина Градско. Осетно зголемување на пожарите имало на територијата на Општина Чашка, каде во 2018-та имало само два пожари а лани дури 39.
Двата најголеми пожари се случија кон крајот на август, првиот кога изгореа 400 ха површина околу езеро Младост и на влезот во градот. Истовремено неколку дена гореше и околу село Ораовец и село Војница, каде изгореа 600 ха површина. Во нивното гаснење, освен ТППЕ Велес учествуваа екипи од околните градови, како и ер-тракторите и хеликоптери сопственост на Армијата и Дирекцијата за спасување.
Кон крајот на годината изгоре куќата на Паунови, една од петте заштитени во старото градско јадро Варналиите. Во неа изгоре и едно лице на чија идентификација се работи. Тој не е единствената жртва на пожарите годинава. На крајот од февруари палејќи стрниште 80 годишен жител на селото Мартолци изгоре во огнот.
при презенацијата на текстот да се потенцира дека е користен текст од порталот Ти реков ми рече
Tweet |