речник контакт

Лани набавените 20 електрични велосипеди, дури догодина ќе може да се користат

Со само седум вработени ЈП Парк спорт и паркинзи, не бил во можност да ги стави во функција за користење електиричните велосипеди, оти имале обврски на три други локации

Петар Печков

Електричните велосипеди, кои локална власт ги набави минатата година, годинава нема да можат да ги користат велешани. Тие ќе се чуваат во магацините на ЈП Парк спорт и паркинзи (ЈП ПСП), оти тоа нема можности, во човечки потенцијал, да ги стави во употреба. Нив локалната власт со договор од 27 април годинава,  им ги предаде на користење на ЈП ПСП.

„Постојниот  кадар со кој располага ЈП ПСП дополнително се ангажирани со стопанисувањето на градскиот базен, така да невозможно е претпријатие со вкупно седум  вработени заедно со директорот да престигне и да ги задоволи потребите за рекреација за ова лето на три различни локации. Мислам на  спортскиот центар „Гемиџии“ во кои пак припаѓаат градскиот стадион, спортската сала, тениските терени, КГС Партизан.  Невозможно е постојниот кадар вработени  кои треба ЈП да ги обезбеди во овој случај со електричните велосипеди, на  езерото Младост истите да се стават во функција. Финансиската конструкција и анализата покажува дека без финансиска помош од општината претпријатието не може во оваа ситуација да ги пушти во оптек ова лето електричните велосипеди“ -кажа Димче  Левков, директор на ЈП Парк спорт и паркинзи.  

Тој најави дека максимално и посебно ќе се ангажира за следното лето велешани и сите останати посетители на езеро Младост да ги користат и уживаат услугите од овој 20-те електрични велосипеди.

Лани во септември, беа набавени 20 електрични велосипеди за развој на велосипедскиот туризам. Велосипедите беа обезбедени во рамките на под проектот „Смарт езеро Младост “, со финансиска поддршка од ЕУ. Инвестицијата беше  во вредност од 2.7 милиони денари и вклучува освен  електрични велосипеди, смарт брави за заклучување, софтверско решение и апликација за корисниците.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »